+389 71 758 311 [email protected]

Вашиот водич кон професионалниот консалтинг

Искористете ги професионалните услуги на нашиот тим во 3е консалтинг.
За повеќе информации прочитајте или контактирајте нѐ.

Бидете најдори во тоа што го правите!

Кои услуги ги нуди нашата компанија

Сметководствен консалтинг

Навремено информирање на постојаните промени и дополнувања на законските регулативисогласно со меѓународните сметководствени стандарди и нивната примена и да ви помогнеме околу правилно евидентирање на сметководствените настани врз основа на соодветна сметководствена документација и припрема на точни финансиски извештаи.

Даночно советување

Даночниот систем на Република Македонија е обемен, нејасен и е подложен на чести промени. Нашата примарна улога е да им помогнеме на клиентите да ги разберат и интерпретираат даночните закони и прописи за да можат да ги планираат и управуваат со своите даночни работи во контекст на нивните лични и деловни цели и активности. Ова вклучува советување на клиентите во врска со нивните обврски за законско усогласување

Финансиски консалтинг

Ориентирање на бизниси и советување за да се фокусираат на профитни и долгорочни активности и советување натрговците за избегнување од деловни активности со висок ризик и непрофитабилни(изготвување на буџети, анализи и ориентирање во отворање на нови бизниси, анализа на успешноста на вашиот бизнис, изготвување на различни извештаи за потенцијални и идни инвестиции)

Изработка на интерни акти

Врши изработка на сите општи акти врз основа на кои компаниите го засноваат своето деловно работење. Изработуваме акти од областа на сметководствените политики, правилници за попис, финансиските политики, интерни контроли, менаџмент и бизнис планови.

Физибилити студии

Нашите физибилити студии ја проценуваат можноста за проектот, деталите за нејзината имплементација и развој. Финансиско моделирање кое ќе им помогне на нашите клиенти да донесат вистински одлуки за нивните бизниси (Јавноприватно партнерство)

Проценка

Нудиме услуги за проценка од повеќе области. Имаме вработено проценители за трговски друштва, јавни претпријатија и други правни лица за недвижен имот, обврски, побарувања и за индустриска сопственост, а соработуваме со проценители од останатите области по барање на клиентите.

Внатрешна ревизија

Објективноиспитување и оцена на ефикасноста и адекватноста на активностите на ентитетот, системот на внатрешни контроли, процесите во ентитетот, спроведување на политики за управување со ризици и следење на почитувањето на прописите, политиките ипроцедурите на друштвото.

За НАС

3e consulting е компанија кој обезбедува професионални услуги за финансиски консалтинг, сметководствен и даночно советување, внатрешна ревизија, проценка, изработка на интерни акти и физибилити студии. Сите овие услуги ги вршиме за субјекти од јавниот и приватниот сектор. Нашата филозофија се темели на точна и професионална услуга обезбеден од искусен тим.

error: Content is protected !!